Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари 20.5.2023
Во објектот на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарите. Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат секој ден вршејќи ја својата професија во заштита на безбедноста на граѓаните.

- Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо дејствуваат за да ја заштитат нашата безбедност и сигурност, кои честопати изложувајќи се на опасни и тешки задачи нашите животи ги ставаат и пред својот. Брзата реакција при катастрофи, безбедноста и сигурноста на граѓаните се меѓу приоритетите на Градот Скопје, а тоа на терен секојдневно го докажуваат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада кои несебично се вложуваат за да спасат човечки животи и јавни добра. Тоа ги прави херои на градот со кои граѓаните на Скопје се гордеат – рече Арсовска.

Градоначалничката Арсовска истакна дека правата на припадниците на бригадата се заштитија и се работи постојано за подобрување на условите за работа.
- Продолжуваме посветено да работиме за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, набавивме за прв пат по децении возила и опрема неопходни за нивната работа, а денес им доделуваме и парична награда како наша благодарност за тоа што го прават секој ден за да бидат граѓаните сигурни и безбедни – рече Арсовска.

Во рамките на денешното одбележување, скопските пожарникари изведоа три противпожарни вежби, а беше промовирана и новата противпожарна опрема набавена за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
