Град Скопје додели 5 електрични скутери за лица со телесна попреченост 17.11.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставниците на здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје додели 5 електрични скутери за лица со телесна попреченост, во рамките на проектот „Мобилна личност – успешна индивидуа“.

- Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост е еден од нашите програмски приоритети и континуирано даваме поддршка на активности за остварување на оваа цел. Со реализацијата на нашите проекти се подобрува квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите – истакна Арсовска.

Проектот „Мобилна личност – успешна индивидуа“, поддржан од Град Скопје согласно програмата за активностите од областа на социјалната заштита е дел од континуираните заложби на градот, а во рамки на досегашните проекти се доделија и додатоци на електромоторен погон за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.

- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
