Нов паркинг за велосипеди и уредено зеленило во СУГС “Георги Димитров” 02.10.2023
Во средното училиште на Град Скопје “Георги Димитров” покрај инвестициите во капацитетите неопходни за обезбедување квалитетен образовен процес, поставен е нов паркинг за велосипеди, тротинети и мопеди.

Истовремено, обновено и комплетно уредено е зеленилото во кругот на училиштето, со поставување на нови садници и дрвја, систем за наводнување, со цел подигнување на свеста на учениците за зачувување и негување на животната средина кои ќе придонесат почиста животна средина.

Како актуелна градска администрација, континуирано се залагаме и вложуваме во образовна инфраструктура која е еден од приоритетите на Градот Скопје.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
