Град Скопје со нова паралелка на француски јазик во СУГС „Георги Димитров“ 16.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје, заедно со претставници од Францускиот културен центар, денеска ја промовираа новата паралелка што го изучува францускиот јазик во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.

Промоцијата е на Светскиот ден на храната, па во оваа пригода се промовираа штандови со здрава храна подготвена од учениците, кои покрај здравата храна подготвија и пригодна културно уметничка програма со настап на бендови пред гостите на промоцијата на паралелката на француски јазик.

Младите се во фокусот на програмата За модерно Скопје, како и во активностите за вклучување на средношколците во богатата културна програма на Скопје Европска престолнина на културата 2028.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
