
Град Скопје домаќин на “Денови на електротехника“ 02.5.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ ја отвори манифестацијата „Денови на електротехника“, манифестација која се одржува со цел да се промовира електротехничката струка и средното стручно образование. Во следните неколку денови во училиштето се организира натпревар на ученици од 22 средни училишта по предметот физика, не само од Град Скопје, туку и од останатите градови од Македонија.
- Средното стручно образование е иднината и навистина сум горда што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат кадри, кои навистина се квалитетни, добри, професионални и од она што понатаму гледаме од нивниот кариерен развој дека се успешни. Затоа би сакала, да ги охрабрам учениците, кои се нашата иднина, како и наставниот кадар, професорите, директорите, кои се залагаат нашите деца да бидат што е можно подобри да продолжат со добрата работа. Воедно ги охрабрувам и општествено одговорните компании се повеќе да инвестираат во учениците и училиштата, затоа што така инвестираат во сопствените кадри, но исто така и во иднината на Македонија, затоа што младите се нашата иднина – истакна Арсовска.
Вкупно 66 ученици од 22 училишта се натпреваруваат на тема електротехника по предметот физика.
“Деновите на електротехника“ траат од 2 до 6 мај, а финалето на натпреварот по физика ќе се одржи во најсовремена лабораторија по електротехника со професионална опрема.
- ВЕСТИ
- 28.05.2023 - Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”
- 26.05.2023 - Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје
- 26.05.2023 - Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз
- 23.05.2023 - Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци
- 23.05.2023 - Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје
- 21.05.2023 - Прв до врв 2023
- 20.05.2023 - Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
- 16.05.2023 - Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини
- 10.05.2023 - Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје
- 05.05.2023 - Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје