Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје 30.9.2022
На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски.
Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација.
Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ - АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот.
Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.
Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
