И ОВАА САБОТА КИНО НА ОТВОРЕНО И МУЗИЧКА ЗАБАВА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК 18.8.2023
Градот Скопје Ве поканува на ново бесплатно филмско-музичко дружење закажано за утре (19.08.2023 година, сабота) во 20:30 часот, на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк.
Забавната програма почнува во 20:30 часот со проекцијата на филмот „Хомо“ („Only human“) во режија на Игор Иванов. Потоа следува музичкиот дел со настапите на Мирко Попов од 22 часот и сетот на Виолета Качакова од 23:30 часот.

Ова филмско-музичко дружење за првпат се одржа минатата сабота во организација на Град Скопје, МКЦ и Универзална сала, а по повод Меѓународниот ден на младите и ќе продолжи да се организира секоја сабота до средината на септември. Посетителите ќе имаат одлична можност за дружење на отворено и забава во топлите летни вечери во омилената дестинација за скопјани, Градскиот парк.
Настанот е збогатување на културната понуда на Градот Скопје за своите граѓани и за сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028 година.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
