
Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје 05.5.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска ги посети во Градскиот парк младите уметници кои сликаа мурали на тема мир.
- Младите луѓе ја дизајнираат иднината на својата земја и на региoнот. Тие ја имаат моќта да ја подобрат состојбата во државите и во светот. Оставајќи простор на младите да придонесат со својата енергија, со нивниот иновативен пристап создава можност, да се изградат како носители на промени, па и да поттикнат лична промена кај нивните врсници и останатите членови во нивната околина – рече Арсовска.
Во проектот се вклучени дваесет и еден млад уметник од Франција, Германија, Украина и Македонија, а целта е зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.
Младите креативци во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, поминаа и дводневна обука за сликање мурал под менторство на тројца реномирани уметници – Ема Попи од Франција, Дамјан Ив Род од Германија и Марина Сорокина – Сомари од Украина.
Реализацијата е со поддршка на Француско-германската канцеларија за млади и Француско-германскиот културен фонд, во рамките на програмата „Наша Европа, наша иднина“.
- ВЕСТИ
- 28.05.2023 - Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”
- 26.05.2023 - Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје
- 26.05.2023 - Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз
- 23.05.2023 - Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци
- 23.05.2023 - Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје
- 21.05.2023 - Прв до врв 2023
- 20.05.2023 - Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
- 16.05.2023 - Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини
- 10.05.2023 - Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје
- 05.05.2023 - Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје