Нова зелена површина на просторот меѓу булеварот Кочо Рацин и улицата Јордан Мијалков 03.10.2023
На барање на околните жители, Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило се во завршна фаза на подигање нова зелена паркова површина на просторот меѓу булеварот Кочо Рацин и улицата Јордан Мијалков.

На овој потег во центарот на Скопје, долгогодишниот див паркинг на земјена површина се трансформира во новоуреден парк со површина од 1600 квадратни метри, со нови дрвја и садници, систем за наводнување, летниковци и дополнителни содржини за уживање и рекреација на граѓаните.

Град Скопје продолжува со активности за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори со цел реализација на проектите од програмата во интерес и на барање на граѓаните.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
