Соопштение за јавност 29.6.2024
Инспекторатот на Град Скопје со екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје реализираат акција за отстранување обемни диви депонии низ градот. Конкретно на депонија лоцирана на улица Тодор Александров во непосредна близина на Амбасадата на Република Туркије, се фатени лица како непрописно фрлаат отпад покрај празни контејнери со што свесно и со намера креираат дива депонија.
Во рамките на акцијата се нотирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, ќе се спроведе и рачно миење на микролокацијата, а сторителите ќе бидат санкционирани и едуцирани. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје и Зинсоекторатот на Град Скопје ќе спроведат зачестен патролен надзор на оваа микролокација.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност