
Град Скопје отпочна со изградба на улицата Христофер Жефаровиќ 25.11.2022
Град Скопје отпочна со изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, проект неопходен за да се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.
- Исклучително важно е да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, а едновремено да се обидеме да помогнеме на скопските општини. Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која е во катастрофална состојба. Истата не само што е неасфалтирана и раскопана, туку претставува приоритет и затоа мора да се посвети внимание, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ - истакна Арсовска.
Градежните работи на терен ги изведува ЈП „Улици и патишта“, а покрај коловозната површина од 2.400 квадратни метри се изведуваат и пешачките патеки oд 685 метри и површина од 1250 метри квадратни, со цел движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно.
- ВЕСТИ
- 08.02.2023 - Градот Скопје обезбеди финансиска помош за Турција и Сирија
- 07.02.2023 - Градот Скопје испрати екипа на БППЗ Скопје во Газиантеп
- 06.02.2023 - Сочувство до градоначалникот на Газиантеп, Р.Турција
- 01.02.2023 - Опремен кабинет со компјутери во училиште во општина Сарај
- 01.02.2023 - Градот Скопје ја продолжува соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и Сојузот на борците
- 01.02.2023 - Трибини и работилници за унапредување на менталното здравје кај младите
- 27.01.2023 - Соопштение за јавност
- 24.01.2023 - Препораки до општините во градот Скопје
- 23.01.2023 - Соопштение од посета на ЈП „Градски Паркинг“ на градоначалничката Арсовска
- 22.01.2023 - Увид на градежни работи на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“