Соопштение до јавноста 19.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изврши увид во градежните работи за реконструкција на улицата 50 во општината Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за граѓаните на оваа општина и со која се решаваат долгогодишните проблеми во овој дел од градот.

Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции од страна на Град Скопје на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари.

Реконструкцијата ја изведуваат екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, а главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот.

- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
