Соопштение за јавност 04.2.2024
Делегации од Град Скопје и скопските јавни претпријатија предводени од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, по повод 152 годишнината од неговото раѓање.

Гоце Делчев како еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач, со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја.

Секоја година на овој ден се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода, а споменот на неговите дела е континуирана инспирација која мотивира за градење на подобра иднина за сите.

- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
