За прв пат во Град Скопје признанија и награди за најуспешните наставници во средните училишта 07.11.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска им врачи признанија и награди на најуспешните наставници од средните училишта на Град Скопје
- Со оваа манифестација што за првпат се организира во Град Скопје, сакаме да го валоризираме трудот кој наставните кадри го вложуваат во образованието на младите и нивната иднина. Се гордееме со секој успех и секое достигнување на нашите ученици, а за тие успеси голем придонес имаат наставните кадри, кои се вложуваат да имаме нови генерации кои се квалитетни, емпатични и сигурни во своите знаења - рече градоначалничката Арсовска на денешното доделување на признанијата и наградите.
Град Скопје, во рамки на своите програмски определби, а со цел афирмација на постигнувањата и успесите на просветните работници од средните училишта на Град Скопје, годинава за првпат ги промовира и валоризацира најуспешните наставни кадри. Наставниците се наградени за нивниот придонес во унапредувањето на наставниот процес, промоцијата на училиштето и остварените врвни резултати во работата.
Најуспешните 23 наставници од секое од средните училишта на Град Скопје, беа избрани од наставничките одбори, а во согласност со одредбите од Законот за наставници.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
