Соопштение за јавност 13.9.2024
Почитувани,
Со реализацијата на проектот за реконструкција на ул. Борис Кидрич од крстосница со ул. Симеон Кавракиров до крстосница со булевар Кузман Јосифовски Питу, исполнуваме уште едно ветување од програмата За модерно Скопје. Со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура, извршена е реконструкција на коловозот на улицата Никола Карев на површина од 2000 метри квадратни со соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Станува збор за фреквентна улица која поврзува повеќе клучни сообраќајници и се наоѓа во непосредна близина на Меѓуградската автобуска и Железничка станица, каде поради големото сообраќајно оптоварување константирани се колотрази и оштетувања, а со реконструкцијата се зголемува сигурноста и безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

- ВЕСТИ
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
