Реконструкција на парк во Сарај 25.11.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, го посетија паркот во Сарај каде денес отпочнаа со активности за реконструкцијата на спортските терени.
Овој проект се реализира на барање на граѓаните, со што се овозможува на сите посетители на паркот во Сарај да можат да се рекреираат на целосно реконструирани спортски игралишта.
Во паркот во Сарај се реконструираат шест спортски игралишта и тоа три фудбалски, две за кошарка и едно тениско игралиште, со вкупна површина од 4.000 квадратни метри.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
