Град Скопје домаќин на 13-от меѓународен симпозиум за средни стручни училишта за логистика и сообраќај 29.9.2023
Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ е домаќин на меѓународен симпозиум за средни стручни училишта за логистика и сообраќај, што се одржува 13. година по ред. Симпозиумот го отвори градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, и заменик министрите за транспорт и образование.

Размена на искуства од областа на сообраќајот, транспортот и логистиката меѓу сообраќајните училишта и други институции, унапредувањето на сообраќајната инфраструктура, осовременување на образовниот процес во областа на сообраќајот и логистиката, степенот на безбедноста во сообраќајот за сите учесници во сообраќајот се темите на овогодинешниот симпозиум.

Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ како домаќин од Македонија и учесниците претставници од средни стручни училишта од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, презентираат проекти изготвени од страна на учениците и наставниците од областа на сообраќајот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
