Соопштение до јавноста 25.9.2023
Град Скопје во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта од почетокот на годината отпочна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, тротоари и огради, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста. Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување.

Градот Скопје го реконструира натпатникот на булеварот Александар Македонски за прв пат откако истиот е изграден, во чија близина се наоѓаат основно училиште и други објекти, при што е реализирано барањето на граѓаните кои секојдневно го користат овој пешачки мост, за овозможување услови за нивно побезбедно движење.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
