Соопштение за јавност 28.3.2024
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.
Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.
Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.
Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.
- ВЕСТИ
- 18.09.2024 - Соопштение за јавност: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата
- 15.09.2024 - Соопштение за јавност
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ