Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони 14.3.2023
Денес градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, учествуваше на состаноци на неколку институции на ЕУ, меѓу кои и на Европскиот комитет на региони во Брисел, каде на панел дискусија со Евелин Регнер, потпретседателката на Европскиот парламент, Јута Урпилаинен, комесар на ЕУ за меѓународни партнерства и Васко Алвес Кордеиро, претседател на Европскиот комитет на регионите, се разговараше за глобалното женско лидерство, се разменија искуства и практики со цел надминување на предизвиците и поттикнувањето родова еднаквост во одлучувањето.

Европскиот комитет на регионите е гласот на градовите во Европската унија, кој ги претставува локалните власти низ ЕУ и гради нови политики и закони кои имаат влијание врз градовите и локалните власти низ Европа.

Советот за женско претприемништво на Град Скопје како прва платформа од овој вид во Македонија, е препознаена како добра пракса и имплементирана во повеќе градови, при што годинава покрај учеството во градењето на политиките на локално ниво, како дел од предлозите на советот, за прв пат се одвојува буџет за финансиска поддршка на жените претприемачи со цел придонес за нивно економско зајакнување и финансиска независност.

- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
