
ЗАПОЧНА ЗАВРШНАТА ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „808“ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА 20.11.2023
Градежните активности на улицата „808“, во општина Гази Баба, се во својата завршна фаза, а градоначалничката Данела Арсовска денеска направи увид во отпочнување на работа на изградбата на новата велосипедска и пешачка патека по должината на коловозот, како и на новиот зелен појас.
- Екипите на терен денеска отпочнаа со завршната фаза на градежните работи на коловозот на улицата „808“ на потегот од крстосницата со улицата „16 Македонска бригада“ до крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“, односно површина од 9.200 квадратни метри, во должина од 1.000 метри.
Покрај целосната реконструкција на коловозот, улицата „808“ добива и нова пешачко-велосипедска патека, од двете страни на улицата. Со реконструкцијата на оваа фреквентна сообраќајница по која се движат голем број товарни возила, бидејќи станува збор за индустриска зона, излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, а ова е еден од ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“ – истакна градоначалничката Арсовска.
Претходно беше извршена целосна реконструкција на водоводната мрежа и на преостаната хидротехничка опрема, на атмосферската канализација, а беа заменети и нефункционалните сливници со што во иднина се превенираат поплави на овој потег. Градежните работи на улицата „808“ ги изведуваат екипите на јавното претпријатие “Улици и патишта” Скопје.
- ВЕСТИ
- 01.12.2023 - Се реализира втора фаза од стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи
- 29.11.2023 - Соопштение за јавност
- 23.11.2023 - ГРАДОТ СКОПЈЕ СО ARTech И САЕМ ЗА МЛАДИ ГИ ПРОМОВИРА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ
- 23.11.2023 - Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица 10 во општина Карпош
- 23.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Градоначалничката Арсовска ја отвори регионалната конференција за зајакнување на претприемништво
- 20.11.2023 - ЗАПОЧНА ЗАВРШНАТА ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „808“ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- 18.11.2023 - УПРАВНИОТ ОДБОР НА ГЛОБАЛНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО СКОПЈЕ
- 17.11.2023 - Реализирано уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, реконструирана улицата Никола Карев