![](/media/11056/image00004.jpeg)
Соопштение за јавност 07.6.2024
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со претставници од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, извршија увид во почетокот на градежните активности за реконструкција на фекална канализациона мрежа на улица „Виничка“ во населеното место Шуто Оризари.
Со овој проект се реконструира канализациона мрежа на потег во должина од 700 метри, со што се надминува проблемот со преоптоварување на канализацијата и излевање на отпадните води по обилни врнежи на дожд.
Со изградбата на фекалната канализација на целата траса се поставуваат цевки со поголем профил, а се градат и 21 шахти и 17 сливници за собирање на водите. Жителите на Шуто Оризари на тој потег со техничкото решение во проектот, добиваат трајно регулирање и растоварување на постојната фекална канализација од дождовни води.
- ВЕСТИ
- 26.07.2024 - Одбележување на 26 јули
- 18.07.2024 - Соопштение за јавност
- 10.07.2024 - Реакција на Комисијата за унапредување на правата на пациенти на Град Скопје за неработење на неработење на хируршките сали во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје
- 09.07.2024 - Соопштение за јавност
- 02.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 26.06.2024 - Соопштение за јавност