Во завршна фаза изградбата на новиот мега парк „Даме Груев“ во општина Ѓорче Петров 18.7.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во градежните работи на новиот мега-парк „Даме Груев“, во општина Ѓорче Петров, кој е во завршна фаза.

- На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров. Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина -истакна градоначалничката Арсовска.

Во паркот се финализираше изградбата на паркингот за посетители, се поставува урбана опрема, а во тек е и изградбата на детско игралиште, игралиште за миленици, фитнес зона и инклузивно игралиште.

Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на градот Скопје.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
