Соопштение за јавност 29.11.2023
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски извршија увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Калош Дани во општина Карпош.
- Градот Скопје во изминатиот период реализира голем број на капитални инфраструктурни проекти со кои овозможуваме подобра поврзаност и мобилност на граѓаните, како и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Екипите на јавното претпријатие Улици и патишта кои работат активно на терен, ќе ги изведат градежните работи на коловозот на улицата во вкупна должина од 2000 метри, а предвидени се соодветни вело и пешачки патеки со што се реализира уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, за развој на велосипедската мрежа од приградските населби кон централното градско подрачје. - истакна градоначалничката Арсовска.
На оваа локација, потребно е да се изврши и реконструкција на секундарната сообраќајна мрежа, која во моментов е во многу лоша и руинирана состојба, со огромни ударни дупки и е небезбедна за учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на улицата Калош Дани е од витално значење и се реализира на барање на граѓаните кои се движат секојдневно на овој потег – рече градоначалникот Јакимовски.
Реконструкцијата на оваа улица се реализира со меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и Општина Карпош, а градежните работи ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
