ПОЧНА СКОПСКАТА СРЕДНОШКОЛСКА СПОРТСКА ЛИГА 2023/2024 09.12.2023
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со спортските екипи на скопските средношколци кои наредниве неколку месеци ќе се натпреваруваат во екипни спортови го означија почетокот на градската средношколска спортска лига 2023/2024.

Градот Скопје останува главен поддржувач на патот кон успехот на младите и успешни спортисти кои се спортски амбасадори кои ги претставуваат Скопје и Македонија пред светот.

Натпреварите од скопската средношколска спортска лига се играат во четири екипни спортови - одбојка, кошарка, ракомет и футсал во женска и во машка конкуренција, а се натпреваруваат екипи од средните училишта во Скопје.

Натпреварите ќе завршат во средината на април наредната година со градското финале и доделување на медали за најдобрите.

Скопската спортска средношколска лига ја организира Сојузот на средноучилишен спорт во Скопје, со финансиска и логистичка поддршка во организацијата од Град Скопје.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
