Соопштение со јавноста 19.10.2023
Реализирано уште едно ветување од програмата “За модерно Скопје”. Град Скопје ги заврши градежните работи за изведба на фекален колектор од населбата Гази Баба во Чаир до натпатникот кај клучката Континентал, по крак на Александар Македонски.
Со реализација на овој проект најавуван уште во 2015 година, трајно се решава пренасочувањето на секундарната фекална канализација од атмосферскиот колектор и одведување на отпадните фекални води од месните заедници „Томе Стефановски Сениќ“ и „Бајрам Шабани“. Проектот се реализира во рамки на стратегијата за подобрување на условите на инфраструктурата во сите градски населени места и како исполнување на проектите од програмата За модерно Скопје, за сите граѓани.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
