![](/media/10331/rekonstruirana-nikola-karev-2023-1.jpg)
Реализирано уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, реконструирана улицата Никола Карев 17.11.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска направи увид и ја промовираше реконструираната улица Никола Карев, на потегот од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со улица Ѓуро Ѓоновиќ.
- За само една недела по почетокот на градежните работи на улицата Никола Карев во центарот на Скопје, која беше во лоша состојба истата е целосно реконструирана. Работевме со забрзана динамика со цел да избегнеме сообраќаен метеж во овој дел од градот, со оглед на фактот што станува збор за фреквентна улица која поврзува повеќе клучни сообраќајници и се наоѓа во непосредна близина на Меѓуградската автобуска и Железничка станица. Со реализацијата на овој проект, исполнуваме уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје", затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет – истакна градоначалничката Арсовска.
На улицата Никола Карев се изврши реконструкција на коловозот на површина од 3.800 метри квадратни, нивелација на шахтите и на сливниците, а се постави соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Градежните работи ги изведоа екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.
- ВЕСТИ
- 26.07.2024 - Одбележување на 26 јули
- 18.07.2024 - Соопштение за јавност
- 10.07.2024 - Реакција на Комисијата за унапредување на правата на пациенти на Град Скопје за неработење на неработење на хируршките сали во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје
- 09.07.2024 - Соопштение за јавност
- 02.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 26.06.2024 - Соопштение за јавност