ЗАВРШИ ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИШТО КУПИЛЕ ВЕЛОСИПЕДИ 31.10.2023
Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди е завршен.
Јавниот повик траеше од 08.06.2023 до 31.10.2023 година и на истиот аплицираа 1.475 граѓани.
Целта на јавниот повик е стимулирање на граѓаните на Скопје да користат велосипеди со цел подобрување на квалитетот на воздухот во градот.
На јавниот повик можеа да аплицираат сите жители на Град Скопје кои имаа набавено нов велосипед од 01.01.2023 година. Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ дo 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Градот Скопје за субвенционирањето на граѓаните за купување на нов велосипед издвои вкупно 6 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
