Зимска служба 2023/2024 20.1.2024
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по најавите за врнежи од снег и ниски температури во наредните денови, во текот на изминатава ноќ, одржа координативен состанок на терен со зимската служба на Градот Скопје и скопските јавни претпријатија.

На координацијата беше констатирано дека Градот Скопје е подготвен за одржување и чистење на снежните наноси од коловозите на булеварите на подрачјето на Скопје во зимски услови.

Град Скопје им препорачува на возачите внимателно движење во сообраќајот и придржување согласно условите на коловозите. Се апелира до сите стопански субјекти и до граѓаните, да ги почитуваат законските обврски за расчистување на снегот и мразот од пристапите до деловните односно станбените објекти.

За потсетување во надлежност на Град Скопје се булеварите и собирните градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
