Потпишан протокол за зајакнување на соработката помеѓу Град Скопје и Сараево 11.12.2022
Со збратимениот град Сараево, денес потпишавме протокол за зајакнување на соработката помеѓу двете престолнини.

Заедно со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ искажавме подготвеност за унапредување и зајакнување на веќе постоечките пријателски релации и меѓусебната соработка со конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на економијата, културата, спортот, образованието, животната средина.

Со новиот протокол, градот Скопје и Сараево пристапуваат кон суштинска соработка и реализација на зацртаните цели на двете градски администрации, преку размена на идеи за потенцијалните проекти и утврдување на динамиката на нивна реализација.

- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
